• сабота, 27 јули 2024

Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија

Еден загинат и двајца исчезнати по експлозии во магацини за пиротехнички материјал близу Софија

Софија, 26 јули 2024 (МИА) – Во серија експлозии во шест магацини за пиротехнички материјал во близина на главниот град на Бугарија, Софија загина едно лице, а друго е повредено, изјави денеска министерот за внатрешни работи Калин Стојанов. Две други лица (на возраст 22 и 60 години)се водат како исчезнати. Експлозиите – од кои првата беше регистрирана синоиќа - во градот Елин Пелин во близина на Софија предизвикаа голема тревога при што властите евакуираа 150 луѓе. Местото на инцидентот го надлетува воен хеликоптер. Истрагата ја води Окружното обвинителство на Софија. зш/

Остани поврзан