• четврток, 26 декември 2024

Еден американски и двајца руски космонаути полетаа кон Меѓународна вселенска станица

Еден американски и двајца руски космонаути полетаа кон Меѓународна вселенска станица

Москва, 16 септември 2023 (МИА) - Еден Американец и двајца Руси полетаа со руско летало од космодромот во Казахстан до Меѓународната вселенска станица. Астронаутот на НАСА Лорал О'Хара и космонаутите на Рокосмос Олег Кононенко и Николај Чуб полетаа од космодромот Бајконур.

О'Хара ќе помине шест месеци на станицата, додека Кононенко и Чуб ќе останат таму една година.

Тројцата требаше да одлетаат до вселенската станица минатата пролет, но нивната оригинална капсула служеше како придружба за друг екипаж.

Вториот екипаж - исто така двајца Руси и еден Американец - заминува дома на Земјата подоцна овој месец.

Нивниот престој беше продолжен од шест месеци на една година бидејќи нивната капсула Сојуз испушти течност за ладење додека беа на станицата.

Ова е прв вселенски лет за О'Хара и Чуб, додека командантот на мисијата Кононенко е на своето петто патување до орбиталната станица.

Екипажот требаше да пристигне на станицата три часа по полетувањето.

На станицата ги пречекуваат седум астронаути од САД, Русија, Данска и Јапонија.

Според НАСА, кога командантот на мисијата Кононенко ќе го заврши својот престој во вселената, тој ќе постави рекорд како човек кој поминал најмногу време - повеќе од илјада дена - во вселената. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан