• среда, 20 ноември 2024

Едвард Џозеф: Бугарската блокада е мошне позитивна политика за Русија

Едвард Џозеф: Бугарската блокада е мошне позитивна политика за Русија

Вашингтон, 7 јуни 2022 (МИА) САД треба да реагираат на Балканот каде ЕУ не може да постигне поместување на позициите, коментираше за Гласот на Америка аналитичарот Едвард Џозеф од Школата за напредни и меѓународни студии при Универзитетот Џонс Хопкинс во Вашингтон.

Тој се осврна на Стратешки дијалог меѓу САД и Северна Македониja, првод таков вид, и влијанието врз регионот. 

-Тајмингот на одржување на Стратешкиот дијалог во Вашингтон не можеше да биде подобар за Северна Македонија, затоа што подоцна месецов ЕУ ќе одржи Самит од каде ќе биде донесена одлука за евентуален излез од овој анти-демократски и проруски маневар на Бугарија со блокирањето на почетокот на преговорите за Скопје и за Софија, рече Едвард Џозеф во изјава за Гласот на Америка  

Џозеф и аналитичар со фокус на Балканот. Според него Македонија се уште ги чувствува негативните последици од Бугарија со ветото а ситуацијата е уште по влошена по инвазијата на Русија во Украина.

Тој изјави дека Северна Македонија и Албанија го имаат исполнето тоа што од нив се бараше за почеток на преговори со ЕУ, и затоа блокирањето на интегративниот процес претставува проблем за самата ЕУ, но и за САД. 

-Бугарската блокада е мошне позитивна за Русија. Тоа е важно да се нагласи. Интересот на Русија да го спречи Балканот да се придвижи кон стабилност кон ЕУ и НАТО, рече аналитичарот. 

Блокирањето на двете земји и помага и на Србија да носи одлуки кои се косат со меѓународната заедница, наведува Џозеф. 

-Србија е на страната на Русија. Ваквата ситуација дава моќ на Белград јавно да го предизвика воведувањето санкции врз Русија, или да мора да постигне договор за Косово, кога нема јасен патоказ за членство во ЕУ, како што е тоа во случајот со Северна Македонија и со Албанија, кои се заглавени поради бугарското вето, смета тој. 

Според него, актуелната политика на Бугарија кон проширувањето на ЕУ, само оди во прилог на интересите на Русија во регионот. 

Тој анализираше и дека Србија им пркоси на повиците на ЕУ и САД да воведат санкции врз Русија, и дека хрватскиот претседател се заканува дека ќе го блокира членството на Финска и Шведска во НАТО доколку нема решение за некои наталожени предизвици во Босна и Херцеговина. кб/ 

Остани поврзан