• четврток, 26 декември 2024

Египќаните против Нетфликс: Клеопатра имала бела, а не црна кожа

Египќаните против Нетфликс: Клеопатра имала бела, а не црна кожа

Каиро, 20 април 2023 (МИА) - Египетскиот адвокат Махмуд ал Семари поднесе тужба против Нетфликс за кршење на законите за медиуми и обидите „да го избрише египетскиот идентитет“, а и најпознатите археолози во земјата, Захи Хавас стои на ставот дека Клеопатра имала „бела кожа, а не црна“.

Родена во Александрија во 69 година п.н.е., Клеопатра Седма била последната владетелка од династијата на Птоломеј Први, генералот на Александар Македонски. Таа на престолот го наследила нејзиниот татко Птоломеј Дванаесетти и владеела од 51. година п.н.е. и владееше до нејзината смрт во 30. година пр.н.е. После тоа, Египет потпаднал под римска доминација. Припадниците на Птоломејската династија, говореле повеќе јазици, меѓу коишто и древномакедонски, старогрчки, но и сириски, медски, етиопски јазик, според Плутарх, а самата таа знаела  најмалку девет јазици и била меѓу ретките владетели кои научиле и древноегипетски.

Етничкото потекло на мајката на Клеопатра е непознат, а некои историчари велат дека е можно таа да била домородна Египќанка, или од друг дел на Африка.

Клеопатра во серијата на Нетфликс овојпат ја глуми Адел Џејмс, која е од делумно африканско црнечко потекло. Продуцентите велат дека тоа е „одраз на вековната дебата за расата на Клеопатра“.

Џејда Пинкет-Смит, американска глумица која е наратор и продуцент на оваа драма, рече: - Не гледаме, ниту слушаме често приказни за црните кралици, и мене и на мојата ќерка, и на нашата заедница ни е многу важно овие приказни да бидат познати.

Сите овие изјави се осудени во Египет. Захи Хавас, истакнат египтолог и поранешен министер за антиквитети, тврди дека тоа е измислица.

- Нетфликс се обидува да предизвика конфузија со ширење лаги дека потеклото на египетската цивилизација е црнечко, изјави тој.

Махмуд ал Семари побара од државниот обвинител да преземе „неопходни правни мерки“ и да го блокира пристапот до услугите на Нетфликс во Египет. Нетфликс е обвинет за промовирање афроцентризам и бришење на египетскиот идентитет.

Адел Џејмс на Твитер кусо им одговори: „Ако не ви се допаѓа поделбата на улогите, не гледајте“.  си/

Фото: Фејсбук.

Остани поврзан