• недела, 24 ноември 2024

Египет прими десетици странски државјани и Палестинци на кои им е потребна медицинска помош

Египет прими десетици странски државјани и Палестинци на кои им е потребна медицинска помош

Каиро, 26 јануари 2024 (МИА) - Египет денеска прими четириесетина Палестинци на кои им е потребна медицинска помош и 31 државјанин со странски пасош од Појасот Газа, соопштија египетските гранични власти.

Палестинските пациенти преку граничниот премин Рафа се транспортираат со возила на брза помош. Меѓу нив има и двајца ранети за време на војната меѓу Израел и Хамас, како и оние на кои им е потребна медицинска помош од други причини. Тие се евакуирани од неколку болници, вклучувајќи ја и болницата за турско-палестинско пријателство, Европската болница и медицинскиот комплекс Насер, и се упатија кон здравствените установи во Северен Синај, Исмаилија, Суец, Порт Саид и Каиро.

Во меѓувреме, Египет испорача нова пратка хуманитарна помош до блокираната енклава.

Од почетокот на конфликтот на 7 октомври до 19 јануари, во северноафриканската земја пристигнаа вкупно 528 авиони и 34 бродови со хуманитарна помош од четириесет земји и тринаесет организации. Дополнително, 7.179 камиони превезле 111.490 тони храна, лекови и медицински материјали.

Египетските власти го одредија аеродромот во близина на градот Ариш, кој се наоѓа на Средоземното Море на околу 50 километри од Рафа, како центар за испорака на помош. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан