Египет и Јордан повторно преку воздух доставија хуманитарна помош за Појасот Газа
- Воени авиони на Египет и Јордан денеска продолжија да доставуваат хуманитарна помош над северниот дел на Појасот Газа
Каиро, 10 март 2024 (МИА) – Воени авиони на Египет и Јордан денеска продолжија да доставуваат хуманитарна помош над северниот дел на Појасот Газа.
Операцијата се совпадна со иницијативата на Египет и на Обединети Арапски Емирати за воспоставување на воздушен мост за снабдување на населението во Појасот Газа со храна, лекови и други материјали.
Египет првата хуманитарна помош од воздух ја достави на 27 февруари, а потоа уследија уште три на 29 февруари и на 3 и на 6 март. Портпаролот на египетската армија минатата недела најави вклучување во акцијата испорака на помош за Појасот Газа по воздушен пат, на Јордан, САД, Франција, Холандија и на Белгија.
Во Каиро се одржува и нова рунда разговори за примирје во кои учествуваат Египет, Катар и САД. ми/
фото: МИА архива