• четврток, 26 декември 2024

Египет и Израел ќе го зголемат снабдувањето со гас за ЕУ

Египет и Израел ќе го зголемат снабдувањето со гас за ЕУ
Каиро, 15 јуни 2022 (МИА) - Европската Унија (ЕУ), Египет и Израел денеска потпишаа договор за зголемено снабдување на земјите членки на блокот со течен природен гас (LNG). Тоа е со цел да се намали зависноста од рускиот гас. Како што соопшти претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, според договорот, Израел ќе праќа повеќе гас во Египет, кој има капацитети да го претвори во течна форма, а потоа со танкери преку море ќе стигне до земјите од ЕУ. - Ова е посебен момент. Топло го поздравувам потпишувањето на овој историски договор, изјави Фон дер Лајен на заедничка конференција со министрите за енергетика на Египет и Израел. Минатата година, земјите од ЕУ увезуваа од Русија околу 40 отсто од гасот за потрошувачка. бд/зш/

Остани поврзан