• среда, 25 декември 2024

Египет го продолжи статусот на „Муслиманско братство“ како терористичка организација

Египет го продолжи статусот на „Муслиманско братство“ како терористичка организација

Каиро, 5 декември 2024 (МИА) - Кривичниот суд во Каиро ја потврди одлуката „Муслиманско братство“ да остане на листата на терористички организации за дополнителни пет години, пренесува весникот „Ал Ахрам.

Одлуката, која е базирана на барање на државното обвинителство, додава 15 членови на ова исламистичко движење на „црната листа“ за истиот временски период.

Во 2012 година, Мохамед Морси, истакнат член на „Муслиманско братство“, стана првиот демократски избран претседател во историјата на Египет. Сепак, во 2013 година, по масовните протести против неговото владеење, тој беше соборен од власт од страна на војската, а движењето беше прогласено за терористичка организација.

„Муслиманско братство“, формирано во Египет во 1928 година, беше забрането првпат во 1954 година.

Во текот на минатиот месец, 716 лица беа отстранети од антитерористичката листа, бидејќи престанале со незаконските активности против државата, објави обвинителството. ссм/

фото: архива

Остани поврзан