• четврток, 26 декември 2024

Египет бара милијарда долари компензација за Суецкиот канал

Египет бара милијарда долари компензација за Суецкиот канал
Каиро, 2 април 2021 (МИА) - Египет најверојатно ќе побара компензација во износ од над милијарда долари поради штетата што и е нанесена на земјата во текот на процедурата за поместувањето на товарниот брод „Евер Гивен“ што го блокираше Суецкиот канал. Откако се отвори каналот, постои дилема кој ќе ја плати сметката за тоа. „Ќе побараме повеќе од милијарда долари во форма на компензација“, рече Осама Раби, директор на Суец Канал Ауторити (Suez Canal Authority). Сумата е формирана откако се земени предвид загубите од приходите за каналот како расходи за машини и за награди на луѓето кои беа вклучени во акцијата за поместување на товарниот брод, јави Си-Ен-Би-Си. „Изгубивме многу пари, но го спасивме бродот без многу штета и загуби за него“, рече тој. Според египетските власти, тие се надеваат дека ќе постигнат договор за два до три дена, а во спротивно се подготвени за судска разврска на спорот. паг/

Остани поврзан