• четврток, 19 декември 2024

Египетски фудбалер почина од срцев удар

Египетски фудбалер почина од срцев удар


Каиро, 6 јули 2024 (МИА) – Египетскиот фудбалер и поранешен репрезентативец на оваа земја Ахмед Рефат почина на 31-годишна возраст како последица на срцев удар, соопшти денеска прес-службата на Фудбалскиот сојуз на Египет.
Фудбалерот на египетскиот прволигаш Фјучерс доживеа срцев удар на натпреварот од 16. коло на египетското првенство против Ал-Итихад (0:0), кој се одигра на 11 март.
Рефат загуби свест и падна на теренот по што беше пренесен во болница каде лекарите успеаја да го оживеат, но неговата здравствена состојба останала нестабилна и беше ставен во индуцирана кома.
Рефат дебитираше за репрезентацијата на Египет во 2013 година и одигра вкупно седум натпревари на кои постигна два гола. ег ФОТО: Фејсбук
 

 

Остани поврзан