• четврток, 19 декември 2024

Египетски Ал Ахли по 12 пат првак на Африка

Египетски Ал Ахли по 12 пат првак на Африка

 

Каиро, 26 мај 2024 (МИА) – Фудбалерите на египетски Ал Ахли по четврти пат во последните пет години се крунисани во африкански шампион, откако го совладаа тунискиот Есперанс со 1-0 во реваншот од финалето синоќа во Каиро.

На првиот натпревар во Тунис немаше голови, а пред 60.000 гледачи во Каиро фудбалерите на египетскиот првак го освоија рекордниот 12. Африкански куп.

Капитенот Рами Рабија го доведе гигантот од Каиро во водство во четвртата минута и тоа беше единствениот гол на натпреварот.

Ал Ахли ја зацврсти својата позиција како врвен клуб на континентот со својот 12-ти триумф. Градскиот ривал Замалек од Каиро, како и ТП Мазембе имаат по пет трофеи во африканската Лига на шампиони.

Есперанс, кој ја освои титулата во четири наврати, по петти пат заврши како второпласиран. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан