• вторник, 24 декември 2024

Египетскиот претседател се согласи со Бајден да испрати хуманитарна помош преку преминот Керем Шалом

Египетскиот претседател се согласи со Бајден да испрати хуманитарна помош преку преминот Керем Шалом

Каиро, 24 мај 2024 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ел Сиси денеска во телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден се согласи привремено да испрати хуманитарна помош и гориво до Обединетите нации (ОН) преку израелскиот премин Керем Шалом.

Египетското претседателство соопшти дека испраќањето хуманитарна помош преку вториот премин ќе биде привремено додека „не се воспостават правни механизми за повторно отворање на граничниот премин Рафа“, пишува Гардијан.

Египетското Министерство за надворешни работи одговори на пресудата на Меѓународниот суд на правдата (МСП) со која му се наредува на Израел веднаш да ја прекине воената офанзива во градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа, повикувајќи го Ерусалим да ги почитува своите меѓународни обврски.

„Египет го повикува Израел да ги исполни своите законски обврски според Конвенцијата за спречување и казнување на злосторството геноцид и меѓународното хуманитарно право и да ги спроведе сите привремени мерки издадени од Меѓународниот суд на правдата, кои се сметаат за правно обврзувачки и извршни како што ги издава највисокото меѓународно правосудно тело“, се наведува во соопштението. паг/

Фото: МИА архива

Остани поврзан