• среда, 25 декември 2024

Египетскиот претседател се надева на прекин на огнот во Газа во наредните денови

Египетскиот претседател се надева на прекин на огнот во Газа во наредните денови

Каиро, 28 февруари 2024 (МИА) - Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси денеска изрази надеж дека во наредните денови ќе биде постигнат договор за прекин на огнот во Појасот Газа. 

„Се надеваме дека ќе се постигне прекин на огнот во наредните денови за да може да започне вистинско олеснување за луѓето од Појасот Газа на сите полиња“, рече Ал Сиси во египетската престолнина Каиро.

Во неделата, американскиот претседател Џо Бајден рече дека се надева на прекин на огнот во Газа до следниот понеделник.

Египет, Катар и САД посредуваат меѓу Израел и Хамас за постигнување прекин на огнот во Газа и размена на заложници и затвореници. ссм/

Остани поврзан