• четврток, 26 декември 2024

Егзекутиран Иранец кој шпионирал за ЦИА и Мосад

Егзекутиран Иранец кој шпионирал за ЦИА и Мосад
Техеран, 20 јули 2020 (МИА) - Во Иран утрово е егзекутиран ирански државјанин, кој е осуден за давање информации на американски и израелски разузнавачки служби во врска со локацијата на иранскиот генерал Касем Сулејмани, кој беше убиен во американски напад со дрон. Махмуд Мусави Маџд е прогласен виновен за шпионирање на иранските вооружени сили, посебно Силите Кодс. Тој е осуден за давање информации на американската ЦИА и израелскиот Мосад во врска со движењето на командантот на Силите Кодс, генералот Касем Сулејмани. Во американскиот напад со дрон, извршен на 3 јануари во близина на аеродромот во Багдад, е убиен генералот Сулејмани, заедно со уште шест лица, меѓу кои и заменик командант на ирачките милиции, поддржани од Иран. гт/

Остани поврзан