• петок, 27 декември 2024

Евтини места за патување низ Европа

Евтини места за патување низ Европа
Скопје, 11 март 2022 (МИА) - Туристичките интернет-страници ги издвојуваат Романија, Бугарија, Португалија и Чешка како земји за кои нема да мора да потрошите премногу, па се издвојуваат неколку посебни места. Бугарија е еден од скриените скапоцености за патниците во Источна Европа. Градовите богати со историја и прекрасни пејзажи, нудат плажи покрај Црното Море лете и планини за скијање зиме. Јавниот превоз во Бугарија, т.е. билет за меѓуградски воз чини околу 5 долари, а вечера со пијалак чини помалку од 10 долари. Романија е уште една земја со прекрасни пејзажи, живописни градови и многу достапен ноќен живот. Ручек во ресторан во Романија чини 4 долари, а сместувањето во хотели, хостели и апартмани чини од 7 долари по лице, па нагоре. Иако е поскапо од другите земји на списокот, цените во Португалија се околу половина или дури третина од оние во другите западноевропски земји, не земајќи го предвид Лисабон. Во Чешка, исто така, има прекрасен пејзажи и хотели со пристапни цени. Оброците се евтини и може да се најдат од 3 до 5 долари, а оние кои сакаат да ја посетат оваа држава можат да платат и 15 долари за ноќевање во хостел.  си/

Остани поврзан