• сабота, 23 ноември 2024

Евтини, а необични хотели ширум Европа

Евтини, а необични хотели ширум Европа

Стокхолм, 22 авгyст 2024 (МИА) - Ограничениот буџет за патување не мора да значи здодевно сместување, вели стручњакот за патувања Џил Мекелрој. Таа открива пет од можеби најчудните европски „одморалишта“, со прилично евтин престој, пишува Дејли мејл (Daily mail).

Затворот „Кароста“ кај Лиепаја, Латвија

За првoтo одморалиште од листава, Џил пишува: „Дали некогаш сте посакале да ја доживеете Вашата последна ноќ на слобода? Па, затворот-хотел во Латвија ќе направи да се чувствувате како тоа навистина да Ви епоследна ноќ на слобода“.

Тоа е единствениот поранешен советски воен затвор отворен за туристи, со хотел сместен во него. Занимливо е и што вработените во хотелот се однесуваат кон гостинот како со вистински затвореник - „му ги конфискуваат“ работите и „ја казнува неговата непослушност“, сведочи Мекелрој. Креветот може да биде дрвена клупа во ќелија - и тоа чини 15 до 30 евра.

„Џамбо хостелот“ во Стокхолм, Шведска

Сместен во реставриран „Боинг 747“ авион, овој хостел има сè за удобен престој - пилотската кабина претворена во обична соба, а во она коешто порано било патнички дел содржи пространи спални соби, бањи, па дури и место за дневен престој и дружење. Хостелот се наоѓа на 20 метри од аеродромот „Стокхолм-Арланда“.

 


„Клинк норд“ во Амстердам, Холандија

Се наоѓа во близина на Централната станица и крај еден од најпознатите канали во градот. Хостелот се наоѓа во поранешна лабораторија па целото опкружување и ентериер, и покрај извесните измени, потсеќа на 1920-тите.

„Нема да најдете подобро место во градот. Диџеите ја создаваат атмосферата во ‘Цинк-барот’, а атриумот исполнет со растенија служи како одлично место за одмор по јогата. Има и кафуле, ресторан, библиотека, кино, кујна со самопослуга и ноќен клуб. Креветите чинат од 40 до 50 евра“, појасни блогерката.

„Кејвленд“, Санторини, Грција

Во „пештерското“ одмралиште „Кејвленд“ (Caveland) на популарниот грчки остров само „чувството е луксузно“, вели Џил.

„Со простран базен, соби што личат на модерни пештери и обемна програма на настани, вклучувајќи филмска вечер, грчка вечера, дегустација, јога и друго... Ноќевање во оваа 'пештера' ќе Ве чини 31,50 евра.

Одмралиштето, исто така, покренува бројни зелени иницијативи со цел да се ограничи влијанието врз животната средина, како што е целосна забрана за пластика за еднократна употреба, компостирање отпад, книговодство без хартија и одржливо управување со водата.

Куќата „Сандеман“ во Порто, Португалија

„Очекувајте 'буриња за спиење' за едно лице, пространи соби, бар на отворено и ноќни португалски семејни вечери со бесплатно вино“, пишува Мекелрој.

Ова одморалиште е сместено во винарските визби „Сандеман“ и е една од најлегендарните згради во познатиот португалски град. За подобро искуство, секој кревет е во облик на буре за вино. Овој хостел се наоѓа на пет минути од популарниот историски центар на Порто и има поглед на реката Дуро. Кревет „буре“ чини 31,50 евра.  си/

Фото: „Инстаграм“

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан