• среда, 02 октомври 2024

ЕВРО2024: Холандија седми четвртфиналист

ЕВРО2024: Холандија седми четвртфиналист

 

Минхен, 2 јули 2024 (МИА) – Холандската фудбалска репрезентација се пласираше во четвртфиналето на ЕВРО2024, откако во доминантен стил ја совлада вечерва Романија во Минхен со 3-0 (1-0).

Холанѓаните дојдоа во водство во 20 минута со голот на Гакпо, кој во 83 минута му асистираше на Мален за удвојување на предноста.

Мален стави точка на победата на Холандија со својот втор гол на натпреварот во судиското продолжение.

Противник на Холандија во четвртфиналето ќе биде победникот од вечерашната последна осминафинална пресметка меѓу Австрија и Турција. ег ФОТО: УЕФАЕВРО2024

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан