• среда, 18 декември 2024

ЕВРО2024: Европската титула ја освојуваа 16 селектори

ЕВРО2024: Европската титула ја освојуваа 16 селектори


Берлин, 11 јуни 2024 (МИА) – Низ историјата на европските фудбалски првенства, вкупно 16 селектори можат да се пофалат дека ја освоиле титулата.
Ниту еден селектор ја нема освоено европската круна два или повеќе пати, а единствениот кој беше европски првак на клупата на странска репрезентација беше Германецот Ото Рехагел во 2004 година со Грците.
Паралелно, само двајца тренери имаат освоено светска и европска титула. Германецот Хелмут Шон го освои ЕУРО во 1972 година, а Светското првенство две години подоцна, додека Шпанецот Висенте дел Боске беше светски првак во 2010 година, а европски во 2012 година.
Германецот Берти Фогтс е единствениот кој ја освоил европската титула и како играч (1972) и како тренер (1996).
Највозрасен селектор кој ја освоил европската круна е Шпанецот Луис Арагонес, кој ја прослави во 2008 година со 69 години и 336 дена, а најмлад е неговиот сонародник Хозе Виљалонга, кој ја предводеше шпанската селекција до европскиот трон во 1964 година на возраст од 44 години и 192 дена.
Најмногу „трофејни“ селектори имаат Германците, четири, Шпанците тројца, Французите и Италијанците по два, а Русите, Чесите, Португалците, Холанѓаните и Данците по еден. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан