• среда, 25 декември 2024

ЕВРО2024: Демирал ја однесе Турција во четвртфинале

ЕВРО2024: Демирал ја однесе Турција во четвртфинале

 

Лајпциг, 2 јули 2024 (МИА) – Турција е последниот четвртфиналист на Европското фудбалско првенство, откако вечерва во Лајпциг ја совлада Австрија со 2-1 (1-0).

Во еден од највозбудливите осминафинални дуели на ЕВРО2024, Турција дојде во водство по само 60 секунди со голот на Демирал, а истиот играч беше прецизен и во 59 минута за водство од 2-0.

Грегорич во 66 минута ја намали негативата на Австрија и го однесе натпреварот во неизвесна завршница, но Турција одолеа на силните австриски напади и обезбеди пласман меѓу осумте најдобри репрезентации,

Водечкиот гол на Демирал воедно е најбрз во групната фаза во историјата на европските првенства,

Четвртфиналните двојки се Португалија – Франција, Англија – Швајцарија, Шпанија – Германија и Холандија – Турција . ег ФОТО: УЕФАЕВРО2024

Остани поврзан