• среда, 25 декември 2024

ЕВРО2024: Галиќ го постигна првиот, Бонучи последниот гол на европските првенства

ЕВРО2024: Галиќ го постигна првиот, Бонучи последниот гол на европските првенства


Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) – Досега на европските фудбалски првенства се постигнати вкупно 829 голови, а стрелец на првиот беше Милан Галиќ.
Напаѓачот на Партизан го постигна водечкиот гол за поранешна Југославија во 11. минута од полуфиналето против Франција на ЕП 1960 година.
Јубилејниот стоти гол во историјата на европските првенства го постигна Алан Жирес, 24 години подоцна во победата од 5-0 на француската селекција против Белгија на Европското првенство во 1984 година.
Дваесет и четири години подоцна, Шпанецот Чави Ернандез беше стрелец на 500. гол, во победата од 3:0 против Русија.
Стрелец на последниот, 829 гол беше Италијанецот Леонардо Бонучи во финалето на последното ЕП кога израмни на 1-1 против Англија. Италија потоа ја освои европската круна со подобро изведување пенали.
Јубилејни голови на Европските првенства:
1. Милан Галиќ (Југославија – Франција 4-5, 1960)
50. Драган Џајиќ (Југославија – Западна Германија 2-4, 1976)
100. Алан Жирес (Франција – Белгија 5-0, 1984)
150. Марко ван Бастен (Холандија – Англија 3-1, 1988)
200. Ким Вилфорт (Данска – Германија 2-0, 1992)
250. Јан Сухопарек (Чешка – Русија 3-3, 1996)
300. Златко Захович (Словенија – Шпанија 1-2, 2000)
350. Јоргос Карагунис (Грција – 2-1, 2004)
400. Тиери Анри (Франција – Швајцарија 3-1, 2004)
450. Дарио Срна (Хрватска – Германија 2-1, 2008)
500. Чави Ернандез (Шпанија – Русија 3-0, 2008)
550. Јоргос Карагунис (Грција – Русија 1-0, 2012)
600. Нани (Португалија – Исланд 1-1, 2016)
700. Мајкл Грегорич (Австрија – Македонија 3-1, 2020)
800. Харис Сеферовиќ (Швајцарија – Франција 3-3, 2020)
829. Леонардо Бонучи (Италија – Англија 3-2 11 м, 1-1, 2020). ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан