• сабота, 27 јули 2024

ЕВРО2024: Битка за двете последни полуфинални места

ЕВРО2024: Битка за двете последни полуфинални места

 

Берлин, 6 јули 2024 (МИА) – Полуфиналните пресметки на Европското фудбалско првенство ќе бидат комплетирани денеска по одигрувањето на двете преостанати четвртфинални натпревари меѓу Англија – Швајцарија и Холандија – Турција.

Саботната четвртфиналната програма стартува во 18 часот со дуелот меѓу Англија и Швајцарија во Дизелдорф.

Англискиот селектор Герет Саутгејт на дуелот против Швајцарија по јубилеен 100. пат ќе ја предводи Англија од клупата.

Последниот полуфиналист на ЕВРО2024 ќе го даде победникот од вечерашниот дуел со почеток во 21 часот меѓу Холандија и Турција во Берлин.

Пласман меѓу четирите најдобри селекции вчера обезбедија Шпанија и Франција, кои ја сочинуваат првата полуфинална пресметка. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан