• среда, 25 декември 2024

ЕВРО2024: Англиски и српски навивачи се судрија во Гелзенкирхен

ЕВРО2024: Англиски и српски навивачи се судрија во Гелзенкирхен

 

Гелзенкирхен, 16 јуни 2024 (МИА) – Во пресрет на вечерашниот натпревар од групата Ц меѓу Србија и Англија, во центарот на Гелзенкирхен дојде до судир меѓу навивачите на двете репрезентации.

Се фрлаа столици, маси и шишиња, а наводно има и повредени.

Германската полиција приведе, засега, непознат број навивачи.

Според репортерот на Билд, можно е во судирите да учествувале и албански навивачи.

Според видеоснимките кои можат да се најдат на интернет, запалени се и знамиња на Албанија и Англија. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан