• среда, 25 декември 2024

ЕВРО2024: Англиската репрезентација најскапа

ЕВРО2024: Англиската репрезентација најскапа


Берлин, 13 јуни 2024 (МИА) – Англиската фудбалска репрезентација има најголема вредност на трансфер пазарот од сите учесници на Европското првенство кое утре почнува во Германија.
Според порталот Трансфераркт, англиските репрезентативци вкупно вредат 1,52 милијарди евра.
Над границата од една милијарда евра се и Франција (1,23) и Португалија (1,05).
Четврта е Шпанија (965 милиони евра), а на петтото место се Германците (851).
На последното место е романската репрезентација која вреди 92 милиони евра. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан