• сабота, 09 ноември 2024

Евро 2024: Варга ќе биде опериран

Евро 2024: Варга ќе биде опериран

Будимпешта, 24 јуни 2024 (МИА) - Унгарската фудбалска федерација објави дека на репрезентативниот дефанзивец Баранбас Варга ќе му биде потребна операција.

- Неколку коски од лицето на Варга беа скршени при судир на натпреварот. Доживеа и потрес на мозокот. Напаѓачот на Ференцварош најверојатно ќе биде опериран, изјави претставник на федерацијата, пренесува „Goal“.

Селекторот на Унгарија, Марко Роси, соопшти дека 29-годишниот фудбалер ќе го пропушти остатокот од Европското фудбалско првенство во Германија.

Варга се повреди синоќа на натпреварот од турнирот во групата Евро 2024 против Шкотска (1:0). Напаѓачот изгуби свест откако се судри со голманот на Шкотска Ангус Ган. По укажаната лекарска помош, играчот на носилки беше изнесен од теренот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан