ЕВРО 2020: Шведска и Шпанија изборија осминафинале
- Репрезентациите на Шпанија и на Шведска ќе играат во осминафиналето на Европското првенство, додека Словачка и Полска се елиминирани по завршување на групната фаза.
![ЕВРО 2020: Шведска и Шпанија изборија осминафинале](https://new.mia.mk/index.php/images/20221107132859_big_730x400_60.webp )
Севилја, 23 јуни 2021 (МИА) – Репрезентациите на Шпанија и на Шведска ќе играат во осминафиналето на Европското првенство, додека Словачка и Полска се елиминирани по завршување на групната фаза.
Ова е епилогот од Е-групата по завршувањето на натпреварите од 3. коло, одиграни вечерва во Севилја и Санкт Петербург.
Шпанија пред своите навивачи ја декласира Словачка со 5:0, додека Шведска на руска територија ја совлада Полска со 3:2.
Табела: Шведска 7 бодови, Шпанија 5, Словачка 3, Полска 1.
Во осминафиналето Шпанија ќе се соочи со Хрватска на 28 јуни во Копенхаген, додека Шведска со третопласираната селекција од Б, Ц или Д групата. зс/