• среда, 25 декември 2024

ЕВРО 2020: Ноер повторно ќе носи капитенска лента со боите на виножитото

ЕВРО 2020: Ноер повторно ќе носи капитенска лента со боите на виножитото
Минхен, 21 јуни 2021 (МИА) - Голманот на Германија, Мануел Нојер, ќе се појави на мечот на Европското првенство против Унгарија со капитенската лента во боите на виножитото, пренесува „Судејче цајтунг“. Триесет и петгодишниот голман играше со оваа лента на натпреварите во групната фаза против Франција (0:1) и Португалија (4:2). УЕФА испита и не најде повреда на прописите. По две кола од групната фаза, репрезентацијата на Германија освои три бода и се наоѓа на второто место во групата Ф. зс/

Остани поврзан