• среда, 25 декември 2024

ЕВРО 2020: Новинарот Арустамјан сепак доби акредитација

ЕВРО 2020: Новинарот Арустамјан сепак доби акредитација
Москва, 10 јуни 2021 (МИА) - Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова изјави дека коментаторот на телевизијата „Матч“, Нобел Арустамјан, доби акредитација за Евро 2020. - Спортскиот коментатор Нобел Арустамјан доби акредитација за Европското првенство во фудбал. Одлично. Ви благодариме на УЕФА. Ние продолжуваме да работиме, напиша Захарова. Во текот на вчерашниот ден беше соопштено дека Арустамјан остана без акредитација за Европското фудбалско првенство поради повеќекратни посети на Нагорно – Карабах, ерменска енклава на територијата на Азербејџан, која е под контрола на Ерменија и населено со мнозинство Ерменци. Потпретседателот на Фудбалската федерација на Азербејџан, Елкан Мамадов, потврди дека неговата земја стои зад блокадата. - Ова лице повеќе пати ги посетило окупираните територии. Тој човек ги прекршил законите на нашата држава, покажувајќи непочитување кон територијалниот интегритет на Азербејџан, изјави вчера Мамадов за локалните медиуми. За да се добие акредитација за следење на ЕУРО 2020 кое заеднички го организираат 11 европски градови, вклучувајќи ја и азербејџанската престолнина Баку, е потребна согласност од сите 11 национални фудбалски федерации. зс/    

Остани поврзан