• четврток, 26 декември 2024

ЕВРО 2020: Компанијата „Mozzart“ за секој гол на македонските фудбалери ќе донира милион денари

ЕВРО 2020: Компанијата „Mozzart“ за секој гол на македонските фудбалери ќе донира милион денари
Скопје, 13 јуни 2021 (МИА) – Компанијата „Моцарт“ за секој постигнат гол на македонските фудбалери кои попладнево ќе дебитираат на Европското првенство, ќе донира по милион денари во хуманитарни цели. Акцијата „Милион причини за гол“ ја поддржа македонската фудбалска легенда Дарко Панчев. Токму Панчев ќе определи каде ќе се насочи донацијата. - Ми претставува огромна чест што сум дел од ваков голем проект на компанијата „Mozzart“. Со нетрпение го очекуваме настапот на Македонија, ќе ја бодриме нашата репрезентација, но овој пат ќе имаме и дополнителна причина за уште посилно да навиваме за погодок на селекцијата. Се надевам дека ќе има повеќе голови, а со тоа и повеќе собрани милиони кои ќе се донираат во хуманитарни цели, изјави Дарко Панчев. Инаку, компанијата Mozzart е препознатлива по општествено одговорните активности, а досега, покрај редовните хуманитарни акции како што е кампањата „Нови дресови за нови шампиони“ и „Хуманитарниот тикет за викенд“ има реализирано бројни акции наменети за различни институции, организации и поединци. зс/

Остани поврзан