• среда, 25 декември 2024

ЕВРО 2020: Втор фудбалер со коронавирус во шпанската репрезентација

ЕВРО 2020: Втор фудбалер со коронавирус во шпанската репрезентација
Мадрид, 9 јуни 2021 (МИА) - Дефанзивецот на Шпанија, Диего Љоренте, е позитивен на коронавирус, објавено е утрово на веб-страницата на тамошната фудбалска федерација. Фудбалерот ќе ја напушти базата на националниот тим и ќе оди во самоизолација. Исто така, се посочува дека фудбалерите, според протоколот за коронавирус, ќе тренираат според индивидуална програма. Во исто време, паралелно ќе се подготвуваат и Брајс Мендес, Родриго Морено, Пабло Форналс и Карлос Солер. Овие играчи беа повикани во националниот тим, но тренираа одделно од останатите. Претходно, капитенот на националниот тим Серхио Бускетс доби позитивен тест. На ЕВРО 2020, Шпанците ќе играат во групата Е со селекциите на Полска, Словачка и Шведска. Турнирот ќе трае од 11 јуни до 11 јули. зс/

Остани поврзан