• среда, 25 декември 2024

Евростат: Зголемен број на банкроти во градежниот и финансискиот сектор во ЕУ

Евростат: Зголемен број на банкроти во градежниот и финансискиот сектор во ЕУ

Брисел, 16 август 2024 (МИА) - Бројот на компании кои прогласиле банкрот во Европската Унија во второто тримесечје од 2024 година се зголемил за 3,1 отсто во однос на првиот квартал, додека бројот на регистрациите на нови фирми во истиот период се намалил за 2,1 отсто.

Според анализата на Евростат, најголем раст на бројот на банкроти е забележан во градежниот сектор со 3,8 отсто, потоа во финансиските дејности со 2,6 отсто, трговијата со 2,4 отсто и индустријата со 1,6 отсто.

Наспроти ова, бројот на банкроти во ЕУ опаднал во секторите на информации и комуникации за 4,8 отсто, транспортот за 1,6 отсто, угостителството за 1,1 отсто и во образованието и социјалните дејности за 1 отсто.

Тренд на опаѓање на регистрирање нови компании во ЕУ е забележан во сите сектори. Најголем пад е забележан во трговијата со 4,7 отсто, потоа следат индустријата со 3,6 отсто и образованието и социјалните дејности со 3,4 отсто. Најмал пад од 0,7 отсто е забележан во финансиските дејности. ссм/

фото: архива

Остани поврзан