Евростат: Во ЕУ, 93 отсто од компаниите имплементирале најмалку една мерка за безбедност на податоци
- Во Европската унија во 2024 година, 93 отсто од компаниите примениле најмалку една мерка за да обезбедат интегритет, достапност и доверливост на нивните податоци и системот за информатички и комуникациски технологии (ИКТ), соопшти денеска Евростат.
Брисел, 12 декември 2024 (МИА) – Во Европската унија во 2024 година, 93 отсто од компаниите примениле најмалку една мерка за да обезбедат интегритет, достапност и доверливост на нивните податоци и системот за информатички и комуникациски технологии (ИКТ), соопшти денеска Евростат.
Канцеларијата за статистика на ЕУ информира дека најчеста безбедносна мерка што ја користеле бизнисите била силна автентикација со лозинка (84 проценти), проследена со резервна копија на податоците на посебна локација (79 проценти) и контрола на пристап до мрежа (65 проценти).
Најмалку користена мерка била автентикацијата со биометриски методи (18 проценти). јт/