• четврток, 26 декември 2024

Евростат: Во ЕУ најдебели се жителите на Хрватска и на Малта

Евростат: Во ЕУ најдебели се жителите на Хрватска и на Малта
Луксембург, 21 јули 2021 (МИА) - Од сите граѓани на Европската унија, најголем процент на возрасни со прекумерна тежина живеат во Хрватска и во Малта, покажува студијата објавена од Европскиот завод за статистика Евростат. Во тие две земји дури 65 проценти од граѓаните во 2019 година се соочиле со вишок килограми, се наведува во истражување објавено на официјалната веб-страница на Евростат. Најнизок процент на лица со прекумерна тежина е регистриран во Италија (46 проценти), Франција (47 отсто) и во Луксембург (48 проценти). Речиси 45 отсто од возрасните граѓани на ЕУ имаат нормална тежина, 53 проценти сметаат дека имаат прекумерна тежина, додека три отсто од граѓаните се неухранети. Граѓаните на возраст од 65 и до 74 години се посклони кон дебелеење (66 отсто), а поголем процент е регистриран кај мажите отколку кај жените. ми/

Остани поврзан