Европски фронт: Активирање на потенцијалот на младите е предуслов за виталноста на едно општество
- СООПШТЕНИЕ: Една од вредностите на европското општество е здрава, креативна и образована младина која ќе биде подготвена да ги води највиталните развојни процеси на својата земја.
Скопје, 5 мај 2024
Една од вредностите на европското општество е здрава, креативна и образована младина која ќе биде подготвена да ги води највиталните развојни процеси на својата земја.
Имајќи го предвид ова, во изборната програма на Европскиот фронт „Европа 2030“ не можеше да се пропушти делот посветен на младите и поттикнување на нивниот извонреден капацитет.
Во изборната програма на Европскиот фронт, акцент е ставен на активирање на потенцијалот на младите бидејќи активната младина е предуслов за виталноста на едно општество. Активната младина и еднаквото општество ќе создадат привлечна средина во нашата земја со културна различност, нови можности за млади, спорт и рекреација, како и граѓански активизам во сите области од животот.
Во фокусот на Европскиот фронт се овие ветувања за поактивна младина: зајакнување на учеството во одлучувањето на младите во земјата преку давање одредени институционални одговорности, пред сè давање можност сами да одлучуваат за прашањата што ги засегаат нивните животи, потоа поттикнување на претприемништвото кај младите, поттикнување на нивните дигитални вештини преку креирање на посебна младинска платформа и пред се да се донесе Европа овде во нашата земја што е можно поскоро се со цел да не се дозволи повеќе миграција на младите.
Конечно, ја покануваме целата младина масовно да учествува на митингот на Европскиот фронт денеска на плоштадот „Илирија“ во Тетово за да испратиме јасна порака со тоа што ќе кажеме НЕ за Русија, ДА за Европа!
Прес-конференција на млади од Европски фронт
Фото: Европски фронт
___________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.