• четврток, 26 декември 2024

Европските лидери со овации ја поздравија Меркел на нејзиниот последен самит

Европските лидери со овации ја поздравија Меркел на нејзиниот последен самит
Брисел, 22 октомври 2021 (МИА) - Самитот на ЕУ без Ангела Меркел ќе биде како „Париз без Ајфеловата кула“ или „Рим без Ватикан“, изјави денеска претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, поздравувајќи ја германската канцеларка која заминува во пензија, јави ДПА.
- Нејзиното збогување од европската сцена не допира политички, но и не исполнува со емоции, рече Мишел.
Обраќањето на Мишел беше дочекано со аплауз од насобраните лидери кои со овации ја поздравија Ангела Меркел на самитот во Брисел, кој е нејзин 107-ми и последен самит по шеснаесет години на власт.
Германија треба да добие нов канцелар до Божик. паг/
   

Остани поврзан