• недела, 24 ноември 2024

Европските лидери во Давос: Клучно е зголемување на вооружувањето за Европа и Украина

Европските лидери во Давос: Клучно е зголемување на вооружувањето за Европа и Украина
Давос, 24 мај 2022 (МИА) – Зајакнување на системот за вооружување и вооружувањето на Украина е од клучно значење за време на руската инвазија, договорија денеска лидерите на некои европски земји и шефот на НАТО на панелот за безбедност во Европа за време на состанокот на Светскиот економски форум во Давос. Холандската министерка за одбрана Кајса Олонгрен рече дека Европската унија би можела да ги здружи силите за да обезбеди комплексни системи за оружје што и се потребни на Украина. Белгискиот премиер Александар Де Кру рече дека е потребна поголема координација при одлучувањето кои системи за оружје и се потребни на Европската унија како долгорочна безбедносна цел. Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг рече дека најдобар начин за поддршка на Украина е да се обезбеди оружје, што сојузниците го прават на високо ниво и повтори дека иако ја поддржува Украина, НАТО нема да биде дел од конфликтот. Отворајќи ја седницата, шефот на претседателската администрација на Украина, Андриј Јермак, им порача на државите дека не мора да водат војна, но ги повика да му помогнат на Киев да ја води. Тој предложи формирање меѓународна советодавна работна група која ќе понуди безбедносни гаранции за Украина, вклучително и обезбедување оружје, финансирање на обновата и одбраната, задржување на санкциите кон Русија и пристапување во ЕУ. јт/

Остани поврзан