Европските берзи со најсилен раст во последниве две и пол години
- Европските берзи бележат силен раст и во моментов се на пат да го забележат најдобриот берзански ден во последните две и пол години.

Лондон, 8 април 2025 (МИА) - Европските берзи бележат силен раст и во моментов се на пат да го забележат најдобриот берзански ден во последните две и пол години.
Паневропскиот индекс Stoxx 600, кој ги следи акциите низ целиот континент, е во пораст од 2,7 отсто, што би бил најголем дневен скок од октомври 2022 година.
Францускиот CAC индекс се зголеми за 2,5 отсто, додека германскиот DAX е во плус од 2,3 отсто. ссм/
фото: архива