• среда, 25 декември 2024

Европскиот парламент ја прогласи ЕУ за област на слобода за ЛГБТ луѓето

Европскиот парламент ја прогласи ЕУ за област на слобода за ЛГБТ луѓето
Брисел, 11 март 2021 (МИА) - Европскиот парламент, денеска, со големо мнозинство усвои резолуција со која Европската унија се прогласува за област на слобода на ЛГБТИК луѓето. Предлог резолуцијата со која се прогласува Европската унија за простор на слобода за ЛГБТИК лицата беше усвоена со 492 од вкупно 679 гласа. 141 пратеник гласаа против, а 46 беа воздржани. Усвојувањето на оваа резолуција е еден вид епилог на низата настани започнати пред две години кога една провинција во Полска ја прогласи својата област „ослободена од ЛГБТИК идеологијата“ (зона без ЛГБТИК), по што истото го направија десетици други провинции, општини и региони во таа земја. Европскиот парламент остро ги осуди овие потези, како и сите други видови дискриминација и напади врз ЛГБТИК лица во Полска и другите земји-членки, и го иницираше процесот за прогласување на целата Европска унија за зона на слобода на ЛГБТИК (LGBTIQ Freedom Zone). Во резолуцијата, Европарламентот истакна дека секаков вид дискриминација е спротивен на основните европски вредности. ссм/

Остани поврзан