• четврток, 26 декември 2024

Европскиот парламент повика на „хуманитарна пауза“ во Газа

Европскиот парламент повика на „хуманитарна пауза“ во Газа

Стразбур, 19 октомври 2023 (МИА) - Европскиот парламент денеска повика на „хуманитарна пауза“ во Појасот Газа за да се обезбеди помошта да стигне до оние на кои им е потребна и нагласи дека Израел може да се брани само во рамките на меѓународното право.

Необврзувачката резолуција беше усвоена со 500 гласа „за“ и 21 „против“, а 24 воздржани.

Европратениците, исто така, повикаа на итно ослободување на сите заложници заробени од Хамас во јужен Израел и одведени во Газа.

Израел денеска продолжи со нападите врз Појасот Газа, додека конвоите со хуманитарна помош сè уште се блокирани на границата со Египет. паг/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан