• среда, 25 декември 2024

Европскиот парламент го одзеде пратеничкиот имунитет на Пуџдемон

Европскиот парламент го одзеде пратеничкиот имунитет на Пуџдемон

Брисел, 9 март 2021 (МИА) - Европскиот парламент го одзеде пратеничкиот имунитет на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон и на Тони Комин и Клара Понсати. Ова ќе овозможи продолжување на постапката против нив за екстрадиција во Шпанија, каде ќе треба да издржат ефективни казни. Барањето за укинување на имунитетот на тројцата политичари е од судот во Шпанија, кој ги бара под обвинение за заговор против владеењето на правото во земјата и проневера на јавни средства.

Пучдемон и Комин живеат во Белгија од 2017 година, каде избегаа откако референдумот за независност на Каталонија, што тие го организираа, беше прогласен за незаконски од шпанскиот суд. Тогаш белгискиот суд одби да ги екстрадира, а подоцна тројцата освоија европратенички места на изборите во 2019 година.

Резултатите од вчерашното тајно гласање за укинување на пратеничкиот имунитет на тројцата политичари беа објавени рано утрово.

Во соопштението од Европскиот парламент се вели дека е поддржана одлуката за укинување на пратеничкиот имунитет на Карлес Пуџдемон, Тони Комин и Клара Понсати. паг/

Остани поврзан