• петок, 27 декември 2024

Европска агенда на премиерот Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина

Европска агенда на премиерот Заев: Работни посети на Брисел, Мадрид и Атина
Скопје, 9 мај 2021 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, од денеска ја започнува европска работна агенда која опфаќа работни посети на Брисел, Мадрид и Атина, информираат од неговиот кабинет. Во седиштето на Европската Унија во Брисел, придружуван од заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров и министерот за надворешни работи, Бујар Османи, премиерот Заев ќе има работни средби со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, со претседателот на Европскиот парламент Давид Сасоли, со Жосеп Борел, потпретседател на Европската комисија  и висок претставник за надворешна политика на ЕУ, со извршниот потпретседател на Европската Комисија, Франс Тимемерманс и со Оливер Вархеји, еврокомесар за соседска политика и проширување. За време на посетата на Брисел премиерот Заев ќе има средба и со Аугусто Сантош Силва, министер за надворешни работи на Португалија, земја членка и актуелен претседавач со ЕУ. -Претседателот на Владата Зоран Заев, во Брисел уште ќе се сретне и со европарламентарците Дачиан Чолос, претседавач на групата Europe Renew, Илхан Ќучук, известител за Северна Македонија и со Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ, информираат од Владата. Од Брисел, премиерот Заев, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, ќе отпатува за Мадрид. -Во главниот град на Кралството Шпанија, како прва посета на оваа земја на премиерско ниво, претседателот на Владата Заев ќе има средба со премиерот на Кралството Шпанија Педро Санчез и со Пилар Лоп Куенка, претседателка на шпанскиот Сенат, соопштуваат од неговиот кабинет. За време на посетата на Мадрид тој ќе има средба и со Антони Гараменди, претседател на Шпанската конфедерација на работодавачи. -Премиерот Заев ќе ја заврши европската агенда со работна посета на Атина и со учество на Економскиот форум Делфи, заедно со вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и со министерот за економија Крешник Бектеши. Во Атина претседателот на Владата Заев ќе има средба со премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, велат од Владата. Оттаму додаваат дека на маргините на Економскиот форум Делфи, Заев ќе има одделни средби со Алексис Ципрас, поранешен премиер на Грција и лидер на СИРИЗА, со Тони Блер, поранешен премиер на Велика Британија, како и со други политички претставници од меѓународната сцена и со претставници на компании и стопански комори.ир/са/

Тагови

Остани поврзан