Европската унија го продолжи безвизниот режим за транспорт на стоки со Украина до крајот на 2025 година
- Европската унија денеска го продолжи безвизниот режим за транспорт на стоки со Украина до крајот на годинава, соопшти украинскиот премиер Денис Шмихал.

Киев, 10 април 2025 (МИА) - Европската унија денеска го продолжи безвизниот режим за транспорт на стоки со Украина до крајот на годинава, соопшти украинскиот премиер Денис Шмихал.
Договорот, кој е продолжен по четврти пат од 2022 година, помага да се забрза извозот на Украина во ЕУ со ублажување на бирократските барања и избегнување на царинските доцнења, пренесува Киев Индипендент.
Украинските извозници можат да издаваат транзитни декларации во нивната земја и да патуваат во Европската унија без никакви препреки, се додава во соопштението. рп/
Фото: МИА архива