• четврток, 26 декември 2024

Европската народна партија гласаше за поддршка на Фон дер Лајен за втор мандат во ЕК, резултатите подоцна

Европската народна партија гласаше за поддршка на Фон дер Лајен за втор мандат во ЕК, резултатите подоцна

Букурешт, 7 март 2024 (МИА) - Водечката европска политичка групација, Европската народна партија (ЕПП) денеска гласаше за поддршка на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за нејзин втор мандат, а прелиминарните резултати се очекуваат наскоро.

Иако Фон дер Лајен е единствениот кандидат на листата на ЕПП, за победа ѝ треба апсолутно мнозинство, а како клучни предизвици за ЕУ ​​ги наведе војните во Украина и Газа, како и јакнењето на Кина.

Претседателката на ЕК за време на конгресот на партиската пратеничка група во Букурешт изјави дека пријателите на рускиот претседател Владимир Путин се обидуваат односво да ја испишат европската историја и да ја украдат нејзината иднина, притоа „ширејќи омраза преку тастатури“.

- Нашата мирна и слободна Европа се соочува со невидени предизвици од популисти, националисти и демагози, кои сакаат да ги уништат нашите вредности и Европа“, рече Фон дер Лајен. Таа вети дека ќе ја подобри економијата на Европа, ќе го сузбие криумчарењето на илегални мигранти во Унијата, ќе ја зајакне конкурентноста и ќе ги поддржи земјоделците заради зголемувањето на трошоците за живот, како и поголема финансиска и воена помош за Украина.

- Во овие тешки времиња луѓето се грижат за просперитетот, безбедноста и демократијата, а во време на промени Европа ви го чува грбот, рече претседателката на Еврокомисијата. На неа и треба апсолутно мнозинство за да победи, што лидерот на ЕПП Манфред Вебер тврди дека ќе се случи и дека партијата „застанува со Фон дер Лајен“.

„Европа моментално е на тест и се соочуваме со многу предизвици. Да гласаме против екстремистите и ве молиме да гласаме за сериозната партија на центарот, а во исто време и најголемата, а тоа е Европската народна партија“, рече Вебер.

И покрај порастот на екстремно десничарските и популистичките партии во Унијата, ЕПП го задржа јасното водство меѓу другите политички групи пред изборите за Европскиот парламент во јуни, покажуваат истражувањата на јавното мислење. ссм/

фото: ЕПА

Остани поврзан