• вторник, 24 декември 2024

Европската комисија ги истражува таксите на „Visa“ и „Mastercard“

Европската комисија ги истражува таксите на „Visa“ и „Mastercard“

Брисел, 6 ноември 2024 (МИА) - Европската комисија истражува дали таксите собрани од Visa и Mastercard имаат негативно влијание врз трговците на мало, јавија британски медиуми.

Европската комисија испратила писма за двете компании до трговците на мало и до давателите на платежни услуги во септември, давајќи им рок до октомври да одговорат.

Visa и MasterCard долго доминираа на пазарот на платежни картички, што во последните години доведе до поплаки од трговците за надоместоците што ги наплаќаат двете компании за услуги поврзани со картички, како и обвинувања за недоволна транспарентност.

Ваквите потези обично им помагаат на европските регулатори да развијат антимонополски случај, што на крајот може да доведе до парична казна еднаква до 10 отсто од глобалниот промет на компаниите.

Европската комисија одби да коментира, повикувајќи се на тековната истрага. зш/

Остани поврзан