• четврток, 12 февруари 2026

Европската интеграција и реформската агенда во фокус на средбата на Сали со хрватската амбасадорка Тигањ

Европската интеграција и реформската агенда во фокус на средбата на Сали со хрватската амбасадорка Тигањ

Скопје, 9 февруари 2026 (МИА) - Европската интеграција на државата и реформската агенда биле дел од темите на што разговарале министерот за европски прашања и прв заменик претседател на Владата, Беким Сали и амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ на денешната средба.

Како што информираа од Кабинетот на министерот, на средбата биле разменети мислења за актуелните случувања во процесот на европска интеграција на Република Северна Македонија и за приоритетите поврзани со реформската агенда и обврските од европската агенда.

- Министерот Сали ја истакна определбата на Владата за забрзана имплементација на реформите и испорака на конкретни резултати, со посебен фокус на владеењето на правото и подобрувањето на апсорпцијата на европските фондови. Соговорниците разговараа и за значењето на континуираната поддршка од земјите членки на Европската Унија за процесот на проширување, како и за важноста од одржување на позитивниот моментум на европската интеграција во регионот, соопштија од Кабинетот на Сали.

Министерот изразил благодарност за досегашната поддршка, нагласувајќи дека Министерството за европски прашања ќе продолжи со засилена координација и фокус на реформските приоритети во насока на напредок во пристапниот процес. бд/са/

Фото: Кабинет на министерот за европски прашања Беким Сали

Остани поврзан