• понеделник, 18 ноември 2024

Европол предупредува на опасноста од лажни вакцини против Ковид-19

Европол предупредува на опасноста од лажни вакцини против Ковид-19
Хаг, 27 декември 2020 (МИА) - Директорката на Европол, Катерина Де Бол денеска предупреди на опасноста од потенцијални лажни вакцини против Ковид-19. Таа истакна дека криминалците најверојатно би се обиделе да ја искористат големата побарувачка за вакцини во светот. Де Бол наведе дека се забележани „конкретни знаци на валкана игра, како што е понуда на лажни вакцини на социјалните мрежи“, поради што апелира на внимателност. Таа посочи и дека државите мора да бидат подготвени оти криминални групи ќе се обидат да ги украдат вакцините, а Европол веќе идентификувал потенцијални жаришта. И Интерпол на почетокот од месецот исто така објави предупредување дека организирани криминални групи можно е да се обидат да продадат лажни вакцини, како и да украдат од резервите вакцини против Ковид-19. ми/

Остани поврзан