• недела, 24 ноември 2024

Европол: Последиците од пандемијата можат да влијаат на радикализација

Европол: Последиците од пандемијата можат да влијаат на радикализација
Хаг, 24 јуни 2020 (МИА) - Рестриктивните мерки кои се воведени поради спречување на пандемијата на новиот коронавирус би можеле да поттикнат радикализација, предупредува Европол, укажувајќи на зголемување на насилството од екстремната десница и екстремната левица во изминатата една година. Економските и општествените последици би можеле да „поттикнат радикализација од поединци, независно на нивните идеолошки верувања“, наведува извршната директорка на европската полициска агенција, Катрин де Бол во извештајот „Ситуации и тенденции на тероризмот“. - Активисти на екстремната левица, како и на екстремната десница, и оние кои се вмешани во џихадистички тероризам, се обидуваат да ја искористат можноста, која ја создаде пандемијата, истакна Де Бол. Таа смета дека екстремно десничарските мрежи, дури и ако не вршат насилни дела, поттикнуваат штетна атмосфера. - Таква атмосфера изградена на ксенофобија, омраза кон Евреите и муслиманите и антимигрантските чувства, може да доведе до насилство на радикализирани поединци, како што можевме да видиме во изминативе месеци, нагласи Катрин де Бол. гт/

Остани поврзан