• среда, 25 декември 2024

Европол отстрани од Интернет околу 2.000 антисемитски содржини

Европол отстрани од Интернет околу 2.000 антисемитски содржини

Брисел, 6 јули 2024 (МИА) - Европската полициска служба - Европол отстрани околу 2.000 антисемитски содржини од Интернет, објавија денеска израелските медиуми.

 Содржините, отстранети на 27 јуни, вклучуваа говор на омраза, негирање на холокаустот и глорификација на насилството врз еврејската заедница, пишува „Џеруаселм Пост“.

Израелскиот портал Унет наведува дека иницијативата ја предводела швајцарската полиција, а во акцијата соработувале правосудните органи од над 18 европски земји, меѓу кои Велика Британија, Франција, Германија и Ирска.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан