• среда, 25 декември 2024

Европол: Екстремистите се обидоа да шират омраза за време на пандемијата

Европол: Екстремистите се обидоа да шират омраза за време на пандемијата
Хаг, 22 јуни 2021 (МИА) - Во најновиот извештај на Европол за тероризмот во Европска Унија се наведува дека екстремистите минатата година се обиделе да ја искористат глобалната пандемија со Ковид-19 за да „шират пропаганда на омраза и недоверба во јавните институции“. Европол истакнува дека пандемијата со Ковид-19 и економската криза придонеле за поларизација на општеството што предизвика „поголемо прифаќање на заплашување, вклучително и повици за извршување насилни дејствија“. - Најновиот извештај на Европол за тероризмот во ЕУ илустрира дека ризикот од радикализација преку интернет се зголемил за време на пандемија со Ковид-19. Ова е особено точно за десничарскиот тероризам, истакна еврокомесарот за внатрешни работи Илва Јохансон. Според Европол имало 57 „терористички напади извршени, неуспешни или спречени“ во шест земји на ЕУ и 62 „терористички инциденти“ во Велика Британија во 2020 година. Вкупно 21 лице загинало во екстремистички напади минатата година - девет при десничарски напади во Германија и 12 луѓе биле убиени во шест џихадистички напади. ми/

Остани поврзан