• четврток, 26 декември 2024

Европејците најмногу го користат интернетот за е-пошта

Европејците најмногу го користат интернетот за е-пошта
Брисел, 28 јануари 2020 (МИА) - Вкупно 87 отсто од населението во ЕУ, на возраст од 16 до 74 години, користеле интернет во текот на минатата година, а нивниот број се менува од 98 проценти во Шведска до 68 отсто во Бугарија. Европската статистичка служба Евростат соопшти дека бројот на корисниците на светската мрежа речиси двојно се зголемил од 2007 година, кога интернет користеле само 57 проценти од граѓаните. Најмногу корисници го употребувале интернетот за испраќање и примање електронска пошта (75 отсто), за пронаоѓање податоци за стоки и услуги кои ги интересираат (68 проценти), испраќање пораки (67 отсто) и читање вести на интернет (63 проценти). Мнозинството од нив, исто така, преку интернет користеле банкарски услуги (58 отсто), социјални мрежи (57 проценти), барале здравствени информации (55 отсто), слушале музика (53 проценти), телефонирале или користеле видео повици (52 отсто). гт/

Остани поврзан