• вторник, 12 ноември 2024

„Европа ќе биде водечки континент според производството на вакцини“, вели европскиот комесар Тиери Бретон

„Европа ќе биде водечки континент според производството на вакцини“, вели европскиот комесар Тиери Бретон
Париз, 4 април 2021 МИА) – Претпријатието Корден Фарма со седиште во Шенов, во близина на Дижон денес беше посетено од европскиот комесар за внатрешен пазар Тиери Бретон, задолжен за вакцините во ЕУ. Ова претпријатие произведува една од состојките што влегуваат во составот на вакцината против Ковид-19, развиена од лабораторијата Модерна, јави дописникот на МИА. -Ние сме во фабрика која е апсолутно неопходна за борбата против вирусот и за нашата политика за вакцинирање, рече Тиери Бретон -Очигледно благодарение на жените и мажите кои работат 24 часа на ден, 7 дена во неделата, вклучително и во неделно Велигденско утро, ќе ги обезбедиме потребните вакцини и ќе постигнеме колективен имунитет на 14 јули, додаде тој. Европа ќе биде водечки континент според производството на вакцини до крајот на оваа година, со капацитет за производство на вакцини од скоро 3 милијарди дози годишно. Корден Фарма ја снабдува лабораторијата Модерна со оние што се нарекуваат „липидни претходници“. -Ние правиме парче од овие липиди, кои се испраќаат до друга сестринска гранка во Колорадо, што го прави и остатокот од парчето. Потоа, тие се испраќаат до нашиот клиент да се меша со РНК за да го направи ова што го има во шишето, рече Ив Михон, претседател на Корден Фарма Шенов. -Воспоставив скоро воена организација за да можам да дозволам да бидеме сигурни дека компаниите што се обврзаа да ги испорачуваат овие вакцини навреме да ги доставуваат до земјите-членки. Работната група за вакцини, за која сум одговорен на европско ниво, сега управува со 52 фабрики ширум континентот, детално објасни Тиери Бретон. Европскиот комесар го повтори ветувањето за добивање колективен имунитет кон средината на јули, со испорака на „360 милиони дози до крајот на јуни и над 400 милиони до средината на јули“. -Го најавив симболичниот датум 14 јули. Искрено мислам дека е остварлив. Но, почитувањето на оваа заложба од страна на земјите-членки бара „многу важни политики за вакцинација“ кои сепак мора да се „забрзаат“, рече тој. Тиери Бретон исто така прецизираше дека откако ќе заврши вакцинацијата на европските граѓани, производството на вакцини сепак нема да престане. -Тоа е пандемија и мора очигледно да ги вакцинираме сите земји на планетата […] Денес, мора да знаеме дека Соединетите држави не извезуваат ниту една вакцина се додека не постигнат колективен имунитет. Само Европа ја игра оваа улога масовно, бидејќи извезуваме 40 отсто од нашето производство“. Во фабриката на „Корден фарма“ во Шенов има вработено околу 200 лица. Зголемувањето на нарачките во последните месеци ја поттикна компанијата да регрутира околу дваесетина дополнителни и сега да работи 7 дена во неделата. Бидејќи компанијата работи за вакцини против Ковид-19, но исто така и на многу други молекули. Корден Фарма доби грант од 800.000 евра на крајот на минатата година за да создаде производствена лабораторија посветена на експериментирање и мало фармацевтско производство. Финансирање добиено како дел од планот за повторно придвижување на економијата. тг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан